Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»МЗТ Скопје го продолжи договорот со Маслинко, а нов играч е Бакоч
    Кошарка

    МЗТ Скопје го продолжи договорот со Маслинко, а нов играч е Бакоч

    risteBy riste29/06/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко (23 год, 208 см) и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако го продолжи на уште една година договорот со тимот од Аеродром.

    За талентираниот крилен центар ова ќе биде четврта сезона во МЗТ, каде што првпат дојде во август 2017 година. Маслинко беше дел од тимот што стана шампион во 2019 година, како и што дојде до пехарот во Купот на Македонија една година претходно. Минатата сезона се наметна како еден од најважните играчи во составот предводен од Ѓорѓи Кочов.

    Од денеска и официјално нов член на МЗТ Скопје Аеродром е уште еден перспективен висок кошаркар и тоа Филип Бакоч (24 год, 206 см), кој потпиша едногодишен договор со нашиот состав. Крилниот центар доаѓа од тимот на Еуроникел, а има играно уште и во АВ Охрид и во Карпош Соколи, со кој има настапи и во АБА и БИБЛ лигите.

    Засилување има и за стручниот штаб, кој од денеска е посилен за доскорешниот тренер на Вардар, Дарко Радуловиќ, кој во иднина ќе ја има функцијата помошник на првиот стратег Кочов. Станува збор за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром од сезоните 2006/07 и 2008/09, кој во играчката кариера настапуваше уште и за Никол Ферт, Поло Трејд, Тоа сум јас, Фени индустри, Кожув, Куманово и Вардар, каде што во последните скоро пет години работеше прво како асистент, а потоа и како прв тренер.

    Претходно, договорот го обновија капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Кочов, а под обврска од минатата сезона се и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.