Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»МЗТ Скопје А. со иницијатива за намалување на странците
    Кошарка

    МЗТ Скопје А. со иницијатива за намалување на странците

    sasoBy saso19/04/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Лошите резултати на нашите млади кошаркари кои се одразија и на квалитетот на сениорската репрезентација се причина за иницијатива која денеска ја поведе кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје А. за намалување на бројот на странци во домашното првенство. Во соопштението испратено до јавноста, тимот од населбата Аеродром вели дека започна иницијатива за намалување на бројот на странци од 6 на 4, со интенција таа бројка да биде намалена и на 3 почнувајќи од сезоната 2019/20.

    „Веруваме дека е крајно време да се редуцира присуството на странски кошаркари во прволигашките клубови, со цел поголема шанса да добијат македонските таленти, кои потоа би нѐ извлекле од калта во која сега се наоѓаме сите. Ова би бил прв чекор на патот кон рехабилитација на македонската кошарка на клупски и на репрезентативен план, за која сме сведоци дека е далеку од времето кога бевме четврти во Европа односно седми во АБА-лигата. Првиот чекор секогаш е најтежок, а тоа е да се признае дека постои проблем, поради што како шампиони сме подготвени да го направиме самите. Но, се надеваме дека нашата иницијатива набрзо ќе прерасне во заедничко барање до Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и тоа со концензус на сите оние кои му сакаат добро на овој спорт кај нас. Ова не е само наша борба ниту, пак, сами можеме да извојуваме победа. Затоа бараме поддршка од сите членови на Собранието на МКФ, пред сѐ од прволигашите и од Здружението на кошаркари, кои најдиректно се засегнати и кои веруваме дека ќе нѐ поддржат во барањето од кое, убедени сме, зависи иднината на кошарката во Македонија“, порачаа од МЗТ Скопје А.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кралот го направи тоа ! Го сруши 34-годишниот рекорд на Карим Абдул Џабар

    08/02/2023

    Кошаркарската федерација ќе ги организира завршните турнири од Куп-натпреварувањето

    06/02/2023

    Дурант сака да ја менува средината

    06/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд
    • Обамејанг размислува дали да направи трансфер во САД
    • Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !
    • Арсенал ги зголемува цените на сезонските билети за следната сезона
    • Кралот го направи тоа ! Го сруши 34-годишниот рекорд на Карим Абдул Џабар
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.