Македонскиот кошаркарски тим МЗТ Скопје не успеа да го искористи домашниот терен и со победа да обезбеди пласман во АБА лигата.
МЗТ Скопје загуби во вториот натпревар против Задар пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“ со 77:78 и со тоа го избра потешкиот пат за пласман во АБА друштвото.
МЗТ Скопје , практично, имаше добиен натпревар, затоа што водеше со 14 поени во третиот период од натпреваро, но се случи шок и невиден пад во играта, па Задар се врати во дуелот и на крај дојде до голема победа во Скопје.
Домашните имаа и напад за победа, но не го искористија, преку Вудард, кој имаше шанса да поентира во последните осум секунди, но не успеа да постигне кош кој ќе значеше победа за пласман во АБА лигата. Шанса за поправен МЗТ Скопје ќе има на теренот на противникот каде што победи на првата средба.
Најдобар во победата на Задар беше Литл со 20 поени, а Жориќ реализираше 17 поени, додека кај МЗТ Скопје, Вудард постигна 26 поени, Медфорд 14 поени, а Иванов заврши со 14 поени.
Третиот натпревар или мајсторката ќе се игра на 30 април во Задар.