Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва имаат гостување кај Сплит во рамките на претпоследното коло на АБА лигата. Без тренерот Драган Николиќ, предводени од Васко Атанасов играчите на македонскиот првак ќе мора да го изненадат домашниот тим, со цел да ги задржат шансите за опстанок во лигата.
Сплит исто така е во битка за место во плеј-офот, се бори со Задар и Студентски центар за последните две места во доигрувањето, па ниту во хрватскиот тим не се без мотив на оваа средба. Кај МЗТ Скопје има едноставна математика, мора да ги победи Сплит и Цибона, а Борац да загуби против фаворитите Црвена Звезда и Будуќност, па само така може да се изборат за место во плеј-аутот.
Првиот натпревар во Скопје беше неизвесен, Сплит славеше со 80-85. Сепак, од тогаш до сега доста работи се променија, МЗТ Скопје има нов тренер и нова енергија. Она што е интересно оваа сезона е тоа што МЗТ Скопје е без гостинска победа и ќе ја бара токму вечерва во Сплит на средбата која започнува во 18 часот.