Кошаркарите на МЗТ Скопје денес ја имаат последната шанса за пласман во АБА лигата и настап во најквалитетното регионално друштво во следната сезона.
МЗТ Скопје вечерва му гостува на Задар во „мајсторката“ за пласман во АБА лигата. Нашиот тим славеше на првата средба во Задар со 89:83, но загуби на домашен терен со 77:78 и со тоа му даде шанса на Задар да игра уште еден натпревар пред своја публика.
Тренерот на МЗТ Скопје Ѓорѓи Кочов нема да може да го изведе најсилниот тим, бидејќи македонскиот претставник ќе биде ослабен со отсуството на најдобриот стрелец во досегашниот дел од сезоната, Андрија Бојиќ. Токму поради оваа повреда на скочниот зглоб, Србинот не замина на гостувањето во Задар, а неговото отсуство ќе треба да биде надополнето од Младеновски и Маслинко.
Победникот од овој дуел кој се игра вечерва од 18.00 часот од сезоната 2019/20 ќе игра во АБА лигата.