Работнички со брејк на теренот на МЗТ Скопје дојде до предност од 2-0 во финалето во кошаркарскиот плеј-офф.
Американецот Гинард на 1,6 секунди до крајот ги реализираше двете слободни фрлања за 76 спрема 75 и голема радост на играчите и навивачите од Градски парк. Претходно домаќините иако имаа шанса за победа направија грешка и му ја подарија топката на противникот.
Робинсон со 22 поена и седум асистенции беше најдобар кај Работнички додека Костов постигна 18 кошеви. Во редовите на МЗТ Скопје се издвоија Трајковски со 20 и Стојановски со 14 поени. Третиот натпревар ќе биде в петок на теренот на Работнички. Ако победи домаќинот, тогаш ќе го врати пехарот во богатата ризница.