Европската ракометна федерација ја смести нашата машка репрезентација меѓу неносителите за баражот за Светското првенство во Египет во 2021 година.
Носители: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција. Неносители: МАКЕДОНИЈА, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија.
Двојките за баражот ќе бидат формирани на 9 март во 19 часот во Виена а термините се од 5 до 11 јуни. На СП директно се пласираа само првите три репрезентации од ЕП 2020: Шпанија, Хрватска и Норвешка.

