Македонија ги доби противниците од својата група на Светското првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска во 2023 година. Нашата ракометна репрезентација уште еднаш ќе биде дел од елитата, а оо денешната ждрепка ги дозна противниците со кои ќе се соочи во групната фаза.
Македонија ќе игра во групата Ф, која се игра во градот Краков, а како ривали ги има Норвешка и Холандија од Европа, како и Аргентина од Јужна Америка.
ГРУПА А (Краков): Шпанија, Црна Гора, Чиле, Иран;
ГРУПА Б (Катовице): , Полска, Саудиска Арабија, Словенија;
ГРУПА Ц (Гетеборг): Шведска, Африка 2, Уругвај;
ГРУПА Д (Јончепинг): Исланд, Унгарија, Кореја;
ГРУПА Е (Катовице): Германија, Србија, Африка 5;
ГРУПА Ф (Краков): Норвешка, Македонија, Аргентина, Холандија;
ГРУПА Г (Кристијанштад): , Хрватска, Африка 3, САД;
ГРУПА Х (Малме): Данска, Бахреин, Африка 4;
Турнирот вторпат во историјата ќе се одржи со 32 репрезентации учеснички. Градови домаќини ќе бидат Краков, Гдањск, Плок и Катовице во Полска, односно Малме, Стокхолм, Гетеборг и Јанкопингс.
Титулата од пред две години ќе ја брани репрезентацијата на Данска. Првенството се игра во периодот од 12-29 јануари 2023.