Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени следниот месец, заедно со Црна Гора и Словенија.
Македонски Амбасадор на ЕП од нашата земја ќе биде Гордана Нацева.
На прес-конференција организирана од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Нацева беше промовирана во амбасадор. Некогашната голманка со репрезентативна кариера истакна дека ѝ е чест и задоволство да се има оваа улога и посака успешен настап на ЕП 2022 на нашите девојки.
„Благодарност за довербата која ми ја дадовте да бидам амбасадор на ЕП, чест задоволство и одговорност да бидам дел од организацијата. Ова е голем предизвик, ист како кога бев дел од репрезентацијата на Македонија. Сакам достоинствено да ја претставам својата држава, да бидеме модели и примери за младите генерации. Спортот е борба за резултат, но значи и претставување на културата, на нашите убави работи со кои можеме да се претставиме и да се гордееме. Посакувам да ја претставиме државата во најдобро светло и да допреме до секое девојче кое сака да се бави со спорт. Треба да ја подигнеме свеста на сите млади да тренираат. Да се потрудиме сите овој момент да го иксористиме за промовирање на тааа идеја“, изјави Нацева.
Нашите ракометарки се во група со три поранешни европски или светски шампиони. Избраничките на Савевски ќе играат со Романија, Холандија и Франција.
На стартот на првенството нашиот национален тим игра во групата Ц со Франција. Потоа следи дуел против Холандија, а крајот на првата групна фаза е закажан за Романија. Натпреварите се играат од 5 до 9 ноември.