Изминатата ноќ во Лос Анџелес на свечена церемонија им беа доделени наградите во повеќе категории на тие што ја одбележаа штотуку завршената сезона во НБА лигата.
Играчите од Европа изненадувачки доминираа во најатрактивни конкуренции. Гркот, Јанис Адетокумбо кој настапува за Милвоки е „МВП“ додека Лука Дончиќ е избран за руки на сезоната. Словенецот имаше одлични игри во дресот на Далас и собори неколку рекорди. Признанието за најдобар тренер заврши во рацете на Мајк Буденхолцер (Милвоки) додека Лу Вилијамс по трет пат е избран за најдобар шести играч.
Наградата за најдобар дефанзивец и втора сезона по ред ja доби Руди Гобер додека Паскал Сикам од Торонто е прогласен за играч кој напредувал најмногу во изминатите 12 месеци.