Ракометарите на Вардар својот прв натпревар од вториот дел од сезоната сепак ќе го одигра некој ден порано од планираното.
И покрај тоа што беше планирано првата средба да ја имаат на 1.февруари, сепак сега Вардар својот прв напревар ќе го игра на 28.јануари на домашен терен против Војводина во рамките на СЕХА лигата. Според планот Вардар со подготовки за вториот дел од сезоната треба да започне 11 јануари, но во некомплетен состав.
Вардар во период од 1 месец ќе треба да одигра 10 натпревари, 3 во СЕХА лигата и 7 во Лигата на шампионите. Ќе почнат со Војводина, ќе завршат со Мотор Запорожје на 28.февруари во рамките на СЕХА лигата.
| 28.јан | 00:00 | Вардар | Војводина | СЕХА лига, 3 коло |
| 01.фев | 00:00 | Вардар | Нексе | СЕХА лига, 2 коло |
| 04.фев | 20:45 | Порто | Вардар | Лига на шампиони, 9 коло |
| 09.фев | 18:45 | ПСЖ | Вардар | Лига на шампиони, 6 коло |
| 11.фев | 00:00 | Фленсбург | Вардар | Лига на шампиони, 11 коло |
| 14.фев | 18:00 | ПИК Сегед | Вардар | Лига на шампиони, 3 коло |
| 17.фев | 00:00 | Вардар | ПИК Сегед | Лига на шампиони, 12 коло |
| 21.фев | 18:00 | Вардар | Елверум | Лига на шампиони, 2 коло |
| 24.фев | 00:00 | Елверум | Вардар | Лига на шампиони, 13 коло |
| 28.фев | 00:00 | Мотор Запорожје | Вардар | СЕХА лига, 3 коло |

