Машката ракометната репрезентација на Македонија, денеска и утре во Стара Пазова, Србија, ќе одигра два контролни меча против селекцијата на Кувајт како дел од подготовките за ЕП кое ќе биде реализирано во почетокот на наредната година.
По тој двомеч, нашата експедиција ќе продолжи за Букурешт, Романија. Таму во текот на викендот ќе настапи на турнирот – „Трофеј Карпати“. Прв противник ќе ни биде Алжир а потоа во зависност од резултатите ќе имаме меч против Холандија или Романија.
Македонија на Европското првенство ќе игра во Б групата во Виена и тоа со Украина (10 јануари), Чешка (12 јануари) и домаќинот Австрија (14 јануари)

