Натпреварот помеѓу кошаркарските репрезентации на Македонија и Италија кој е дел од квалификациите за настап на ЕП 2022 е одложен, поради позитивен ковид-тест во нашиот национален тим.
Раководството на нашата кошаркарска федерација доби информација од ФИБА дека поради позитивни случаи на присуство на ковид – 19 кај најмалку еден кошаркар, комплетниот наш тим ќе мора да направи уште еден ПЦР тест.
Според ова, натпреварот кој беше предвиден да запопчне денес од 15:00 часот нема да се игра во овој термин и за него ќе се бара нов термин во „балонот“ во Талин, а можно е воопшто да не се одигра во овој прозорец. Се ќе зависи од резултатите на останатите членови на нашата репрезентација. Од КФСМ најавија повеќе детали за новонастанатата ситуација во текот на денот.

