Националната асоцијација за кошарка на САД и Канада испрати упатства до тимовите според кои играчите можат да се вратат во родните градови додека трае прекинот на првенството поради пандемијата на корона-вирусот.
Упатите велат дека кошаркарите треба да го известат тимот за местото на престој, да останат дома и да тренираат индивидуално. НБА лигата на 11 март, објави дека ја прекинува сезоната за најмалку 30 дена поради пандемија на корона-вирусот откако центарот на Јута, Руди Гоберт, беше позитивен на тестирањето.
Досега заразени се и неговиот тимски колега Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд.