НБА Лигата призна дека Лос Анџелес Лејкерс беше оштетен во последните минути на дуелот со Минесота кога не беше досуден очигледен прекршок врз Лука Дончиќ што можеше да го промени конечниот резултат.
„МекДениелс му го блокира патот што предизвика тој да ја изгуби рамнотежата“, се вели во извештајот.
Доколку фаулот беше досуден, кошаркарот на Лејкерс ќе добиеше слободни фрлања кои можеа да го израмнат резултатот или да го доведат Лос Анџелес во водство.

