ЛА Клипер го победи Далас Маверикс со 118-110 во дерби мечот на отворањето на плеј-оф серијата во најсилната кошаркарска лига на светот.
Каваи Ленард кој оствари дабл-дабл со 29 поени и 12 скокови а имаше и шест асистенции и три украдени топки, беше убедливо најдобар во победничкиот тим кој дојде до предност од 1-0. Кај Далас повотрно фантастично одигра Лука Дончиќ. Словенецот кој застана на 42 коша, направи и девет асистенции, седум скокови и имаше три украдени топки.
Во другите два меча, Бостон со 109:101 ја победи Филаделфија и поведе со 1:0. Истата предност ја има и актуелниот шампион Торонто кој славеше против Јута со 134:110.