Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Недановски: „Ќе се обидеме да победиме за да се бориме за првото место во групата“
    Ракомет

    Недановски: „Ќе се обидеме да победиме за да се бориме за првото место во групата“

    risteBy riste08/02/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар во петок ќе го одиграат третиот натпревар од регионалната СЕХА лига, а во Скопје гостува словачкиот шампион Татран Прешов.

    Тренерот на Варда, Владо Недановски очекува многу подобар натпревар од оној во Словачка и победа на неговата екипа.

    „Пред десет дена одигравме натпревар со истиот ривал. Таму имавме уморни и нови играчи кои не беа доволно уиграни. Отворивме добро, имавме предност, но потоа и пад. Имавме и добри и лоши моменти во нападот и одбраната, но тој беше прв во СЕХА. Репрезентативците добија заслужен одмор, кој навистина им требаше, а потоа имавме неколку тренинзи во комплетен состав. Мислам дека сме подготвени за натпреварот во петок, ќе направиме анализа и ќе гледаме видео денеска, секако дека одиме на победа. Дали ќе биде над четири гола разлика колку што загубивме таму ќе видиме во петок, но ќе направиме се за да се бориме за првото место во групата. Мислам дека овој натпревар ќе биде далеку подобар од оној во Словачка“, вели Недановски.

    Вардар најверојатно нема да може да настапи со најсилниот состав, бидејќи десниот бек Куни Моралес има повреда.

    „Имаме повредени играчи, Моралес влече повреда, но тоа е што е. Дополнителен проблем е, но повредите се составен дел од спортот. Во првиот дел од сезоната немавме голем ростер, но сега имаме и новите ракометари кои од тренинг на тренинг се подобри и подобри“, изјави Недановски.

    Натпреварот меѓу Вардар и Татран Прешов се игра в петок во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“
    • Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“
    • Саинц го коментираше успехот на Ред Бул
    • Лукаку: можеме и подобро
    • Еспаргаро е хоспитализиран
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.