Некогашните ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ се простија од репрезентацијата на Србија. Тоа го потврдил лично селекторот на српската селекција, Брегар.
„Имав разговор со Андреа Лекиќ и таа рече дека повеќе нема да игра за националниот тим, се прости и Драгана Цвијиќ. Како што е веќе познато, Катарина Крпеш-Елезак се прости поради семејството и ритамот на играње во Лигата на шампионите“, изјавил Брегар.