Македонската кошарка репрезентација доживеа неочекуван пораз на стартот на квалификациите за Европското првенство, откако на домашен терен беше совладана од Естонија со 72:81(18:20, 5:25, 23:15, 26:21).
Во првата четвртина од средбата гостите беа тие кои имаа резултатска предност, но заврши со само -2 за Македонија (18:20). Потоа следуваше вистински дебакл на нашите кошаркари кои за 10 минути во втората четвртина постигнаа само 5, а примија 25 поени и дозволија Естонија да направи недостижна предност.
Во третата четвртина се поправи играта на нашата репрезентација и успеаа да ја намалат предноста на Естонија откако го добија овој период со 23:15, но немаа сили во клучните моменти за да направат резултатски приклучот. Во послдениот период повторно игравме добро и намаливме на 72:79, за на крај гостите да слават со 72:81.
Војдан Стојановски со 26 поени беше прв стрелец, по 15 поени имаа Витингтон и Димитријевиќ.
Нашата репрезентација веќе во недела ќе го игра следниот натпревар и тоа на гостински терен против Русија.