Хамане Нианг од Мали е новиот прв човек на светската кошарка. Хамане Нианг стана нов претседател на ФИБА откако беше избран едногласно од сите присутни. Тој ќе го наследи Хорасио Мураторе, кој досега ја имаше улогата на прв човек на ФИБА.
Пред да седне на претседателското место, Нианг беше заменик претседател на ФИБА и исто така претседател на ФИБА Африка во периодот 2014-2019 година.