Младиот српски бек Матија Николиќ успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор со РК Вардар, со можност за продолжување на уште една година. Тој веќе работи со екипата во Скопје и ќе продолжи на подготовките за новата сезона.
Вардар сезонава ќе има подмладен тим особено на бековската позиција. Николиќ е третото засилување за „црвено-црните, по левото крило Марко Срдановиќ кој исто така потпиша двегодишен договор со скопјани и Стефан Петриќ.
Николиќ има 22 години и во последните три сезони настапуваше во словенечкиот шампионат каде го носеше дресот на Шкофја Лока.

