Најдобрата македонска судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача на ова СП, па откако судеа на трите средби во Хернинг, денес ќе имаат обврска да судат во Осло.
Македонските арбитри ќе го судат големо дерби меѓу Шпанија и Португалија во „Унити Арена“.
Натпреварот меѓу Шпанија и Португалија се игра денес со почеток во 15:30 часот, заШпанија оваа средба е да се биде или не, затоа што имаат 3 бода, додека Португалија е прва со 5 бода и евентуалната победа ќе значи пласман во четвртфиналето.
Во оваа група денес уште ќе играат Шведска против Бразил, како и Норвешка против Чиле.

