Нашата најдобра судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои се дел од ова СП добија нова задача. Николов и Начевски се во данскиот Хернинг каде и денес ќе судат тажок натпевар.
Тие ќе го судат дербито на денот, односно на првото коло од главната рунда меѓу домаќинот Данска и Германија.
Македонската двојка ќе и суди на Данска, па домашната селекција и нивните навивачи ќе ќе имаат можност да се уверат во квалитетна арбитража, за разлика од тоа што беше демонстрирано од данските судии кои ја делеа правдата на средбата меѓу Македонија и Холандија.
Натпреварот меѓу Данска и Германија се игра вечерва во „Јиске Банк Боксен Арена“ во Хернинг со почеток во 20:30 часот, а двете селекции досега со максимален учинок на ова СП.
