Њујорк победи со 106:100 во третиот натпревар од серијата со Индијана во финалето на Источната конференција на НБА. Популарните Никси сега ја намалија предноста на противникот на 2-1 во победи.
Пејсерси иако имаа предност и од 20 коешви, на крајот го загубија мечот. Во победничкиот тим се издвоија Карл-Ентони Таунс со 24 кошеви и 15 скокови додека Џејлен Брансон застана на 23 поени. За домашниот тим, Тајрис Халибартон постига 20 поени, а Мајлс Тарнер имаше 19.
Четвртиот меч ќе биде одигран по два дена исто така на теренот на Индијана.

