Македонската кадетска ракометна репрезентација е поразена во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот во Грузија. На денешната средба со Белорусија, ракометарите на Данило Брестовац беа поразени од Белорусија со 32-30, и со тоа не успеаја да обезбедат пласман во финалениот меч.
Белорусите одиграа еден од своите најдобри натпревари, за разлика од нас кои дефинитивно го имавме најлошиот настап на првенството.
Единствена светла точка во поразот денеска беше Серафимов, кој го заврши мечот со 15 постигнати гола.