Кошаркарите на Њујорк Никс на гостински терен го совладаа Сан Антонио со 105-104 и поведоа со 2-0 во финалната серија на НБА лигата.
Трагичар за домаќините беше центарот, Виктор Вембањама, кој во завршницата направи неколку грешки со што им ја подари победата на Никси. Сега серијата на 8 јуни се сели во „Медисон Сквер Гарден“.
Доколку „спарси“ не успеат да победат, ќе му овозможат на Њујорк да направи голем чекор кон титулата која ја чека речиси половина век. Никси последен пат беа шампиони во далечната 1973 година.

