Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Норвешка со победа над Словенија до бронзен медал
    Ракомет

    Норвешка со победа над Словенија до бронзен медал

    risteBy riste25/01/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Норвешка одиграа одлично во „малото финале“ со Словенија и победија со 28:20, со што успеаа да го освојат бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Австрија, Шведска и Норвешка.

    По поразот од Хрватска во полуфиналето, Норвешка мораше да се помири со фактот дека треба да игра само за бронза, но одигра квалитетно во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент не дозволи Словенија да се понадева на победа на оваа средба.

    Најдобар кај победничката селекција беше Јондал со седум гола, Бјорнсен постигна пет, а Сагосен и Јохасен имаа по четири, додека кај Словенија, Бомбач реализираше пет, а Мачковшек имаше четири гола. За Словенците ова беше втор најдобар пласман во историјата на Европските првенства, по второто место кое го освоија во 2004 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.