Уште едно одлично издание на Андреј Јакимовски и трета последователна победа на Вашингтон Стејт во американската колеџ-лига. Синоќа на домашен терен, „Кугарс“ славеа убедливо со 70:43 против екипата на Колорадо и ја запишаа 12-тата победа и се искачија на 5. место во Пацифик-12 конференцијата.
Јакимовски повторно беше двоцифрен, со 14 реализирани поени, на кои додаде и 10 скока за „дабл-дабл“ ефект во победата на својот тим.