Екипите во кошаркарската НБА лига се определија да ги бојкотираат натпреварите по последните насилни протести во САД поради инцидентот во Висконсин кога од страна на полицијата беше застрелан црномурестиот, Џејкоб Блек.
Прво беше одложен мечот Милвоки-Орландо откако играчите на Милвоки останаа во соблекувалната. Подоцна со нив се солидаризираа и кошаркарите на Орландо, Хјустон, Оклахома, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд, кои требаше да играат во текот на ноќта.
Ситуацијата може дополнително да ја искомпликува и најава дека шампионот Торонто размислува да го прекине настапот во завршницата на сезоната.