Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Новата сезона во ракометната Супер лига почнува на 7 септември
    Ракомет

    Новата сезона во ракометната Супер лига почнува на 7 септември

    risteBy riste19/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Новата сезона во машката супер лига треба да почне на 7 септември и првиот дел од сезоната би требало да заврши најдоцна до 15 декември.

    Ова го решија суперлигашите на својата годишна конференција на клубовите. До 30 јуни сите клубови што имаат право на настап во елитата треба да го потврдат своето играње, а потоа ќе се организiра и ждрепка за двојките.

    Во супер лигата ќе има седум тимови од Скопје – Работнички, Вардар, Металург, Пролет, Бутел Скопје, Металург 2 и Вардар Јуниор, плус Охрид и Струга, битолските ривали Пелистер и Еурофарм Работник, како и тимот на Радовиш.

    Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во СЕХА лигата и ќе се приклучат во домашното првенство во плеј-офот напролет.

    Меѓу најважните промени во пропозициите за новата сезона се:

    * Секоја екипа што настапува во ЕХФ натпреварување, а домашните натпревари се совпаѓаат со меѓународните својот меч дома мора да го одигра најмалку 14 дена претходно.
    * салите каде се игра мора да бидат обезбедени со систем за греење-ладење, а минималната температура да биде од 16 до 24 степени.
    * осветлувањето да биде 800 лукса и истото да биде рамномерно распоредено низ целиот терен.
    * клубот домаќин е одговорен за безбедноста на службените лица од самото влегување во салата до самото заминување од салата.
    * Лајф стрим од домашните натпревари е обврска за домашната екипа
    * во натпреварувачката сезона клубот може да регистрира најмногу 28 играчи. По завршување на преодниот рок нема можност за регистрирање нови играчи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.