Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Јусуф Нуркиќ, изјави дека планот за партнерство меѓу НБА и Европа е одличен.
„Тоа ќе им даде на кошаркарите повеќе можности и слобода да избираат тимови. Мислам дека тоа ќе биде навистина добра лига. Само се надевам дека нема да направи да исчезне Евролигата“ – изјави интернационaлецот од БИХ.
„Се надевам дека ФИБА и НБА ќе можат да создадат нешто конкурентно. Тоа треба да биде целта“ – изјави НБА играчот.

