За прв пат на НБА Ол-стар викендот ќе се одржи мини-турнир со четири екипи и три натпревари. Петте стартери на секоја конференција ќе бидат избрани од навивачите (50% од гласовите), актуелните НБА играчи (25%) и медиумскиот дел (25%).
Седумте играчи кои ќе бидат како резерви во секоја конференција ќе бидат избрани од главните тренери на НБА. Четирите тима кои ќе учествуваат на НБА Ол-стар натпреварот ќе се борат за награден фонд од 1,8 милиони долари.
Секој играч од тимот што го освои шампионатот ќе добие 125.000 долари, секој играч од вториот тим ќе добие 50.000 долари и секој играч од трето и четврто пласираниот состав ќе добие по 25.000 долари.

