Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, по вчерашниот пораз од Реал Мадрид во финалето на Евролигата, изјави дека не е разочаран и дека играчите заслужуваат честитки.
„Напорно работевме и дојдовме на завршниот фајнал-фор. Поразот ќе ни послужи да извлечеме поука. Се боревме до самиот крај, но, не успеавме да се вратиме во мечот“ – изјави Обрадовиќ.
„Кралевите“ со вчерашната победа во арената во Белград против турскиот состав, успеаа по 10-ти пат да ја освојат Евролигата.