Актуелниот предводник на турскиот кошаркарски шампион Фенербахче , Жељко Обрадовиќ ќе ја задржи својата функција, и покрај промената на раководството во кошаркарскиот клуб.
По изборите за претседател на Фенербахче, ново име на претседателското столче е Али Јилдирим Коч, кој е еден од најбогатите жители на Турција, но новиот шеф на клубот, изјави дека не сака да прави тренерски промени во екипата.
Според Eurohoops, главен приоритет за новиот претседател на Фенер ќе биде изнаоѓање нов главен спонзор на тимот, бидејќи сегашниот договор со спонзорот е истечен.