РК Еурофарм Пелистер денес и официјално го промовираше новото заслиување на тимот, Немања Обрадовиќ.
Играч кој по настапите во Посла , белорусија и Хрватска се врати во мак-ракометот и ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Станува збор за искусен 32-годишен ракометар кој има настапувано во македонија и тоа во екипата на Металург.
„Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција, ги знам амбициите на екипата и секоја година го следам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари. Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас“, заврши српскиот интернационалец.