Во пресрет на четврточкиот дуел од четврфиналето во СЕХА лигата меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб, тренерот на гостите Ивица Обрван истакна дека одлуката за патникот на Ф4 турнирот ќе се решава во Загреб.
“По три недели подготовки заедно со турнирот во Добој пред нас е важен меч. Би рекол дека шансите се еднакви и за нас и за Вардар. Резултатот од првиот натпревар нема да биде гаранција за ништо освен ако не биде со голема разлика. Верувам дека учесникот на Ф4 ќе биде одлучен во Загреб. Ни преостанаа уште неколку тренинзи за да се подготвиме за Вардар и да ја подигнеме формата. Се надевам дека на овие два меча ќе покажеме добра игра и ќе избориме место на Ф4”, изјави Обрван.