Македонската ракометна репрезентација доживеа нов дебакл на Светското првенство, откако и во третиот настап во групната фаза доживеа убедлив пораз, овој пат од Аргентина со 35-26. По двата убедливи порази од Норвешка и Холандија, избраниците на Лазаров одиграа уште еден срамен меч и доживеаја вистински нокаут.
Најефикасен во составот на Македонија беше Талески со пет голови, Кузмановски и Пешевски постигнаа по четири. За Македонија сегоа останува само да се обиде да го поправи впечатокот на дуелите од т.н. Президент Куп во Плоцк, каде не очекуваат Алжир, Тунис и Мароко за противници во разигрувањето за пласман од 25. до 32. место.