Ракометната машката младинска репрезентација на Македонија го стартуваше настапот на ЕХФ шампионатот со победа. Овој шампионат од денес се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Селекторот Данило Брестовац кој е предводник на оваа селекција може да биде задоволен од победата против Велика Британија со 32:15 (15:5). Нашите ракометари започнаа мечот внимателно , но потоа направија убава серија и дојдоа до предност од
12:3. На крајот на првиот дел отидоа со двоцифрена предност од 15:5. Во вториот дел се беше рутина и формалност. Селекторот Брестовац им даде шанса скоро на сите ракометари од клупата, да го почувствуваат теренот, но тоа не влијаеше врз резултатот. Во еден период нашата селекција имаше позитива и од +18, за на крајот да финиширата со убедливи 32:15.
Македонија утре е слободна, бидејќи групата е со пет селекции, задутре е слободен ден на шампионатот, а в понеделник ќе имаат нешто ппосериозен противник во Италија.