Со натпреварите кои ќе бидат одиграни утре официјално завршува сезоната 2021/22 во СЕХА лигата, а новата треба да започне веројатно во октомври. Се очекува официјализација на оваа информација, но сосема е јасно дека за првпат регионалното натпреварување ќе биде поделено во две групи.
Источна и западна. На истокот ќе играат по четири екипи од Русија и Белорусија, а на западот скоро истите екипи од последните неколку сезони.
СЕХА-Исток:
Чеховски Медведи, ЦСКА Москва, Пермски медведи, Нева Санкт Петербург, Мешков Брест, СКА Минск, Гомељ и Машека
СЕХА-Запад:
Еурофарм Пелистер, Вардар 1961, Нексе Нашице, ППД Загреб, Војводина, Партизан, Татран Прешов, Веспрем
Предвидено е да се игра во две групи и во источната и во западната СЕХА-лига, а потоа разигрување за место на завршниот турнир, Од оваа сезона ќе се играа три СЕХА „фајнал-фор“ турнири. Најнапред ќе бидат познати најдобрите екипи во своите зони, со завршен турнир во април 2023 година, а пред стартот на следната сезона, во септември 2023 година ќе се одржи завршен Ф4 на СЕХА лигата, веројатно во Санкт Петерсбург.