Иако до последен момент имаше најава дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Флензбург – Вардар, истиот е ОДЛОЖЕН.
Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во “црвена зона“ германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија и сакаат да го играат натпреварот.
Беше планирано натпреварот со Флензбург да се одигра на 11 февруари во 18,45 часот во Германија.
За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.

