Формирањето на групите за Лигата на Европа во ракомет е пролонгирано за утре откако еден член од техничкиот персонал на ЕХФ бил позитивен на „Covid-19“.
Веднаш потоа вработените во канцеларијата кои имале контакт со него се ставени во задолжителна изолација додека не ги добијат резултатите од тестирањето. Во новото натпреварување на ЕХФ нашава земја ќе има два претставника. Тоа се Еурофарм Пелистер и Металург.
Битолчано според рејтингот влегоа директно во групната фаза додека тимот од Автокоманда играше квалификации. Лигата на Европа ќе започне на 20-ти овој месец.