Познати се и четвртфиналните групи од ракометниот Куп во женска конкуренција, а беа одредени и полуфиналните парови од истата фаза.
Највозбудливо би требало да биде во групата 1, затоа што Ѓорче Петров ќе се сретне со тимот на Чаир, додека бранителот на титулата ЖРК Металург би требало да има лесен пат до ново учество на фајнал-форот.
Група 1: Чаир – Ѓорче Петров; Скопје – Спартак
Група 2: Вардар – Шампион; Деспина – Кузман Вардар
Група 3: Стружанка – Астибо; Овче Поле СУ – Металург
Група 4: Пелистер – Гевгелија; Куманово слбоден
Натпреварите од четвртфиналниот турнир во Купот на Македонија ќе се одиграат на 18 и 19 март, додека женскиот завршен турнир е закажан за на 14 и 15 мај.