Вечерва во Египет, беа извлечени групите за Светското првенство во Египет што ќе се одржи во 2021 година.
Домаќинот, кој ќе биде предводен од Роберто Парондо, ја одбра групата Г, со Чешка, Шведска и претставник од Јужна Америка.
Светскиот шампион Данска ќе игра со Аргентина, Бахреин и Конго во групата Д, додека европскиот првак Шпанија че биде дел од групата Б со Бразил, Тунис и Полска.
ГРУПА А: Германија, Унгарија, Уругвај, Зеленортски Острови
ГРУПА Б: Шпанија, Тунис, Бразил, Полска
ГРУПА Ц: Хрватска, Катар, Јапонија, Ангола
ГРУПА Д: Данска, Аргентина, Бахреин, ДР Конго
ГРУПА Е: Норвешка, Австрија, Франција, Северна Америка (квали
фикации)
ГРУПА Ф: Португалија, Алжир, Исланд, Мароко
ГРУПА Г: Шведска, Египет Чешка, Јужна Америка (квалификации)
ГРУПА Х: Словенија, Белорусија, Ј.Кореја, Русија

Македонија беше елиминирана на зелената маса, иако остануваат мали шанси да се најдеме во Египет, ако не се одржат квалификациите во Северна Америка и Кариби или во Јужна Америка.
Доколку го добие местото на Северна Америка, според сите пресметки Македонија би се нашла во групата Е која е вистинска „група на смртта“, затоа што во неа се наоѓаат уште Франција, Австрија и Норвешка. Другата варијанта е местото на Јужна Америка, но според најавите таму ќе се игра ракомет и квалификациите ќе завршат според планот. Квалификациите во Северна Америка и Кариби, како и во Јужна Америка треба да се одржат кон крајот на октомври, односно почетокот на ноември.
Светското првенство ќе се игра од 14 до 31 јануари во пет града, а најдобрите три селекции во секоја група одат понатаму.

