Шпанецот Давид Дејвис Камара е нов тренер на РК Вардар 1961 и ќе го предводи тимот во пролетниот дел од оваа сезона.
Повеќекратниот македонскиот шампион и двоен европски првак го реши прашањето на тренерското место со ангажирањето на 45-годишниот Давид Дејвис, кој по пауза од повеќе од три години повторно се враќа во Скопје.
Дејвис ќе остане во Вардар до крајот на сезонава по што управата и тренерот ќе разговараат за продолжување на соработката. Тој во периодот од 2014 до 2018 година беше дел од Вардар и заедно со Раул Гонзалес на клупата ја освоија првата шампионска титула за „црвено-црните“ и уште еднаш играше на Ф4 турнирот во Келн. Во еден период работеше и како дел од женскиот тим на Вардар. Потоа беше и помошник во репрезентацијата на Русија, селектор на Египет, а последниот ангажман му беше како тренер на Веспрем.
Вардар своите подготовки за пролетниот дел од сезоната ќе ги почне на 10 јануари и истите ќе се одвиваат во Скопје. Веќе во февруари почнуваат натпреварите од домашната лига, а продолжуваат и натпреварите од Лигата на шампионите и СЕХА лигата.