Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков е нов член на Вардар 1961. Иако се најавуваше дека крилниот ракометар би можел да продолжи во странство, тој се реши за враќање во Суперлигата и „црвено-црниот“ табор.
Дејан Манасков по пауза од шест години повторно ќе го носи дресот на Вардар. Македонскиот првак го загуби Тимур Дибиров кој замина во ППД Загреб, па се одлучи да се насочи кон репрезентативецот и успеа да го обезбеди неговиот потпис. Со ова се потврдуваат амбициите на Вардар да се бори за одбрана на шампионската тилула во Македонија и повторно да играат во Лигата на шампионите.
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2022/07/dejan-manaskov-vardar-potpis.jpg)
Во таборот на Вардар, Манасков доаѓа по неколку сезони во унгарски Веспрем. Крилото имаше одлични настапи, постигна над 540 погодоци за европскиот гигант, но реши дека е време за нова авантура. Тој ја надмина повредата и веќе е во тренажен ритам, а сега се врати во Вардар да помогне и се очекува да биде еден од најдобрите. Освен во Вардар и Веспрем, Манасков во кариерата има настапувано за Борец, Металург, Вецлар и Рајн Некар Левен.