Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Официјално: Димитар Димитриоски е нов член на РК Вардар
    Ракомет

    Официјално: Димитар Димитриоски е нов член на РК Вардар

    risteBy riste25/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Еден од младите репрезентативци на Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на РК Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му прави друштво на Тимур Дибиров во новата сезона.

    Со доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во одбрана на европската титула.

    Димитар Димитриоски, е млад, но сепак со веќе акумулирано искуство со настапите во регионалната СЕХА лига и во Лиигата на шампионите за екипата на Металург. Тој веќе е на списокот на сениорската репрезентација на Македонија, а играше во квалификациите за ЕП 2020 година. Ги помина и сите младински селекции во репрезентацијата, покажувајќи дека е подготвен и за поголеми спортски успеси.

    „Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и неафирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи”, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

    Сезонава со својот клуб Металург го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Димитриоски беше планиран за настап и на последното СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација за настап.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.