Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Официјално: Гевгелија ќе биде домаќин на Купот на Македонија во кошарка
    Кошарка

    Официјално: Гевгелија ќе биде домаќин на Купот на Македонија во кошарка

    risteBy riste25/01/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската кошаркарска федерација и официјално денес потврди дека завршницата на овогодишниот Куп на Македонија во кошарка ќе се игра во Гевгелија.

    Натпреварите според планот ќе се одиграат од 15-17 февруари, а коорганизатори ќе бидат екипите на Блокотехна и Кожув.

    Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, заедно со Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашко Поцков како и претставниците на клубовите, Ѓорѓи Гетов (Кожув) и Драган Ристов (Блокотехна) одржаа средба во Гевгелија на која ги договарија последните детали околу самата организација за натпреварите од Купот во машка и во женска конкуренција.

    Системот на натпреварување ќе биде ист како и минатата сезона. Првите осум екипи на табелата ќе бидат дел од четвртфиналната фаза во машка, додека во женска конкуренција ќе учествуваат првите четири екипи од првенството.

    Актуелен освојувач на титулата во Купот на Македонија е МЗТ Скопје кој во финалето го совладат својот лут ривал Работнички , кој пак подоцна ја освои титулата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Теодор Симиќ потпиша за Игокеа, па оди на позајмица во Борац БЛ

    17/08/2022

    Кошаркарите заминаа за Бар: Утре контрола со Црна Гора

    15/08/2022

    МЗТ Скопје А. и Војдан Стојановски ја продолжија соработката

    14/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Наполи го потврди потписот на Џовани Симеоне
    • Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи
    • Челзи подготвен да го прати на позајмица Калум Хадсон-Одои
    • Челзи се договори со Фофана, сега треба и со Лестер
    • Челзи денес ќе испрати официјална понуда за Обамејанг
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.