Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»ОФИЦИЈАЛНО: Промовиран првиот Јапонец во црвено-црниот дрес на Вардар
    Ракомет

    ОФИЦИЈАЛНО: Промовиран првиот Јапонец во црвено-црниот дрес на Вардар

    risteBy riste31/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По една недела тренирање со екипата на РК Вардар, Јапонецот Косуке Јасухира го потпиша едногодишниот договор со поранешниот шампион на Македонија, Вардар 1961. Откако беа завршени сите технички и административни формалности, средниот бек следната сезона ќе игра во дресот на „црвено-црните“.

    Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а македонскиот клуб има приоритет доколку сака да го откупи неговиот договор. Тој е првиот Јапонец што ќе биде дел од Вардар. Минатата година настапуваше и беше пријавен и за Лигата на шампионите. Не доби голема минутажа поради големиот број на играчи што настапуваа на таа позиција. Претходно играше и за француски Ник, и имаше натпревари и во Лига Европа.

    Потекнува од јапонскиот Нипон Универзитет, игра како среден бек, поседува брзина и експлозивност. Веќе цела седмица тренира со Вардар, прво во Скопје а сега и во Маврово и веќе се вклопува во екипата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Лазаревски: Ова беше многу тежок, машки натпревар

    18/09/2023

    Вардар знае како против Еурофарм Пелистер, победа во првото сезонско дерби

    17/09/2023

    Судиската организација бара извинување од РК Вардар 1961 за неоснованиот напад и притисок!

    16/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Феликс: Во Атлетико не успеав да се адаптирам на барањата на тренерот
    • Меси се повреди, неизвесен настапот во финалето на Американскиот куп
    • Тен Хаг: Сега се е против нас
    • Инзаги: Играчите беа многу уморни
    • Монтела, утре, ќе биде промовиран во нов селектор на Турција
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.