Сега е и официјално: Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив кер, ќе ја преземе задачата да ја води американската кошаркарска репрезентација, барем до следните Олимписки игри во Париз во 2024 година.
Американската кошаркарска федерација го официјализираше договорот со Стив Кер, кој е трикратен шампион во НБА со Голден Стад Вориорс во последната деценија (2015, 2017, 2018 година). Тој ќе го замени Грег Попович на чело на репрезентацијата на САД.
Новиот тренер ќе биде поддржан од тројца помошници: тренерот на Мајами Хит, Ерик Споелстра, тренерот на Феникс Санс, Монти Вилијамс и тренерот на Универзитетот Гонзага, Марк Фју.