Ракометарите на Охрид ќе излезат на мегдан со грчкиот Олимпијакос во 1/4 финалето во ЕХФ Купот. Македонскиот тим првиот меч ќе го игра како гостин во Пиреја додека реваншот ќе биде покрај нашата езерска убавица. Ќе потсетиме, трофејот во ова натпреварување минатата година го освои Алкалоид.
Четвртфинални двојки во ЕХФ Купот се:
Татабања – Нилуфер
Целје – Бузау
Извиѓач – Карвина
Олимпијакос – Охрид
Натпреварите од четвртфиналето се на програмата на 27/28 март и 4/5 април.

На извлекувањето во Виена, ЕХФ го одреди и патот до финалето. Така, ако Охрид го елиминира Олимпијакос, познато е со кој вкрстува во полуфиналната фаза.
Таму Охрид би играл со подобриот од пресметката меѓу Целје и Бузау.
Повторно во полуфиналето, слично како и во фазата на осумте најдобри Охрид би имал предност на домашен терен во реваншот.

